Прв Македонски Филмски Портал


Прозорец од задната страна Испечати Е-маил
Кориснички рејтинг: / 5
СлабоНајдобро 
Напишано од Ива Тамбурковска   
Monday, 08 December 2008

 

Крими-мистеријата "Rear window" е мајсторско дело на мајсторот Алфред Хичкок. Напнат и преполн со интелигентни дијалози, овој филм е интригантна визуелна студија на опсесивната човекова љубопитност. Филмот е повеќе мистерија отколку трилер но толку многу е вложено во нијансирање на ликовите што буквално тоа е доволно за сосема да се внесете во филмот.
Во центарот на приказната е фоторепортерот Л.Б. Џеферис (Џејмс Стјуард) кој е врзан за количката во својот стан. Во рок од една минута без ниту еден изустен збор го дознаваме она што е најважно за главниот јунак - неговата љубов кон фотографијата. И самиот Хичкок знае дека токму фотографијата кажува многу повеќе од зборот. Значи, единствена занимација на главниот јунак е набљудувањето на соседите од околните станови. Така, тој ќе почне да се сомнева дека соседот Ларс, трговец со накит, ја убил сопругата, но, никој нема да му верува. Тогаш пред него ќе се појави дилемата - дали убиството навистина се случило или пак тој почнува да си замислува работи кои воопшто не се случиле. Интересно е што камерата најчесто е поставена од аголот на протагонистот и единствениот поглед што гледачите го имаат за животот на неговите соседи е тој од неговиот прозорец. На тој начин публиката е целосно сплотена со неговиот воајеристички начин на живот. Овој филм се наоѓа меѓу првите 20 најдобри филмови досега направени според листата на IMDB и според многумина е култно остварување на Хичкок. А кога сето тоа ќе го дополниме со убавината и елеганцијата на прекрасната Грејс Кели, тогаш бидете сигурни ова е филм кој не смеете да го пропуштите.



Оригинален наслов: Rear Window
Улоги: James Stewart, Grace Kelly, Wendell Corey, Thelma Ritter, Raymond Burr, Judith Evelyn
Режија: Alfred Hitchock
Жанр: мистерија, трилер, романса
Година на производство: 1954


 


Последна модификација ( Monday, 08 December 2008 )
 
< Предходно   Следно >



Филмски Форум



Најново!!!

Џулија Робертс е во главната улога во адаптацијата на книгата на Елизабет Гилберт "Eat, pray, love". Станува збор за прекрасна приказна за една Њујорчанка која одлучува да тргне на патување низ светот кое ќе и го промени животот. Во "Scott Pilgrim vs. the World" Скот Пилграм мора да ги порази седумте бивши дечковци за да го освои срцето на неговата сакана. Група луѓе кои не се знаат меѓу себе мора да се држат заедно за да успеат да се спасат од пираната која е закана по нивните животи... Сето тоа во 3D технологија во филмот "Piranha 3D". Во акционата комедија "The Other Guys" двајца детективи добиваат можност да станат полицајци за восхит. Клик на постерот за да го погледнете трејлерот на филмот!


Кино Милениум

 

Тие двајца се новопечен брачен пар кој живее идеален мирен живот, се до 30-тиот роденден на Спенсер кога почнуваат да летаат куршуми на сите страни... Проекциите на "The Killers" со познатите Кетрин Хејгл и Ештон Качер започнуваат во 11:00, 13:30, 20:30 и 22:30, а во 18:00 погледнете ја "Вилата на млечните запчиња", семејната комедија со фантастични елементи во која еден наострен хокеј играч кој им ги крши забите на противниците за казна ќе треба да ја работи работата на вистинската Вила на млечните запчиња... Цената на билетите е само 100 ден.


EVA MENDES SEX TAPE

 

Сексипилната актерка Ева Мендес која минатата година стана заштитно лице на Келвин Клајн и се соблече за потребите за кампањата за парфемот "Опсесија", моментално е популарна со долгоочекуваната "SEX TAPE"

Eva Mendes sex tape!!!


Целата содржина на интернет страницата на филмскиот портал Filmovi.com.mk може да се користи исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола или договор, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО превземање, користење или реемитување на содржините.
Copyright © 2006-2010 Filmovi.com.mk

server monitor
Site Meter