Прв Македонски Филмски Портал


Американска убавина Испечати Е-маил
Кориснички рејтинг: / 3
СлабоНајдобро 
Напишано од Ива Тамбурковска   
Monday, 23 March 2009

 

Иако направен само пред една деценија, сепак овој филм веќе влезе помеѓу легендарните филмови во американската кинематографија. Приказната е врзана за американската фамилија Бурнамс која живее во предградието. Средновечниот Лестер пак минува низ тешка криза на идентитетот - сопругата го игнорира, ќерката го мрази а на работа му е ужасно досадно. Откако ќе ја запознае преубавата другарка на својата ќерка, тој буквално се опседнува со тинејџерката и  сонува за страстен секс со неа, инаку мажоретка во средното училиште. Тој одлучува да си го промени животот од темел - почнува да вежба, да се облекува фраерски и да пуши трева. Дава отказ на работа и се вработува во фаст фуд ресторан. Неговата сопруга пак продава недвижности и мантри за мотивација и вози „мерцедес". Исто така, влегува во афера со својот колега Бади. Во меѓувреме, нивната ќерка тинејџерка почнува врска со момче од соседството, кој е дилер на дрога и воајер со камера. На моменти, филмот станува премногу претенциозен, но одличните изведби на Кевин Спејси и Анет Бенинг нагло ве враќаат во реалноста. Филмот доби пет Оскара меѓу кои и оние за најдобар филм и најдобра режија.

Оригинален наслов: American beauty
Улоги: Kevin Spacey, Annette Bening, Thora Birch, Wes Bentley, Mena Suvari
Режија: Sam Mendes
Жанр: комедија, драма
Година на производство: 1999


 
< Предходно   Следно >



Филмски Форум



Најново!!!

Џулија Робертс е во главната улога во адаптацијата на книгата на Елизабет Гилберт "Eat, pray, love". Станува збор за прекрасна приказна за една Њујорчанка која одлучува да тргне на патување низ светот кое ќе и го промени животот. Во "Scott Pilgrim vs. the World" Скот Пилграм мора да ги порази седумте бивши дечковци за да го освои срцето на неговата сакана. Група луѓе кои не се знаат меѓу себе мора да се држат заедно за да успеат да се спасат од пираната која е закана по нивните животи... Сето тоа во 3D технологија во филмот "Piranha 3D". Во акционата комедија "The Other Guys" двајца детективи добиваат можност да станат полицајци за восхит. Клик на постерот за да го погледнете трејлерот на филмот!


Кино Милениум

 

Тие двајца се новопечен брачен пар кој живее идеален мирен живот, се до 30-тиот роденден на Спенсер кога почнуваат да летаат куршуми на сите страни... Проекциите на "The Killers" со познатите Кетрин Хејгл и Ештон Качер започнуваат во 11:00, 13:30, 20:30 и 22:30, а во 18:00 погледнете ја "Вилата на млечните запчиња", семејната комедија со фантастични елементи во која еден наострен хокеј играч кој им ги крши забите на противниците за казна ќе треба да ја работи работата на вистинската Вила на млечните запчиња... Цената на билетите е само 100 ден.


EVA MENDES SEX TAPE

 

Сексипилната актерка Ева Мендес која минатата година стана заштитно лице на Келвин Клајн и се соблече за потребите за кампањата за парфемот "Опсесија", моментално е популарна со долгоочекуваната "SEX TAPE"

Eva Mendes sex tape!!!


Целата содржина на интернет страницата на филмскиот портал Filmovi.com.mk може да се користи исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола или договор, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО превземање, користење или реемитување на содржините.
Copyright © 2006-2010 Filmovi.com.mk

server monitor
Site Meter