Прв Македонски Филмски Портал


Секс, лаги и видеолента Испечати Е-маил
Кориснички рејтинг: / 5
СлабоНајдобро 
Напишано од Ива Тамбурковска   
Monday, 23 March 2009

 

Кога го гледате овој филм имате чувство дека не се случува ништо посебно. Но, токму тоа го прави толку посебен. Стивен Содерберг и неговата камера во прво лице, брилијантното сценарио и неочекуваната длабока изведба на четворицата главни актери, на филмот му донесоа „Златна палма" на Канскиот филмски фестивал. Приказната се врти околу брачниот пар Џон и Ана. Ана тврди дека нема повеќе потреба од секс, а во меѓувреме, Џон има афера со нејзината сестра. Но, се се менува кога на гости ќе дојде еден стар пријател на Џон кој обожава да снима жени со камера. Тој се спријателува со Ана...
Интересен е фактот дека оваа приказна за воајеризам е напишана само за осум дена, а снимањето траело пет недели со буџет од 1,2 милиони долари. Тоа бил првиот поголем успех на „Мирамакс", две години пред Тарантино да дојде под нивната капа, бидејќи филмот заработил 25 милиони долари во тоа време. Со тоа, „Секс, лаги и видеоленти" направи вистинска револуција во светот на филмот.

Оригинален наслов: Sex, Lies and Videotapes
Улоги: James Spader, Andie MacDowell, Peter Gallagher, Laura San Giacomo, Ron Vawter
Режија: Steven Soderbergh
Жанр: романса
Година на производство: 1989


 
< Предходно   Следно >



Филмски Форум



Најново!!!

Џулија Робертс е во главната улога во адаптацијата на книгата на Елизабет Гилберт "Eat, pray, love". Станува збор за прекрасна приказна за една Њујорчанка која одлучува да тргне на патување низ светот кое ќе и го промени животот. Во "Scott Pilgrim vs. the World" Скот Пилграм мора да ги порази седумте бивши дечковци за да го освои срцето на неговата сакана. Група луѓе кои не се знаат меѓу себе мора да се држат заедно за да успеат да се спасат од пираната која е закана по нивните животи... Сето тоа во 3D технологија во филмот "Piranha 3D". Во акционата комедија "The Other Guys" двајца детективи добиваат можност да станат полицајци за восхит. Клик на постерот за да го погледнете трејлерот на филмот!


Кино Милениум

 

Тие двајца се новопечен брачен пар кој живее идеален мирен живот, се до 30-тиот роденден на Спенсер кога почнуваат да летаат куршуми на сите страни... Проекциите на "The Killers" со познатите Кетрин Хејгл и Ештон Качер започнуваат во 11:00, 13:30, 20:30 и 22:30, а во 18:00 погледнете ја "Вилата на млечните запчиња", семејната комедија со фантастични елементи во која еден наострен хокеј играч кој им ги крши забите на противниците за казна ќе треба да ја работи работата на вистинската Вила на млечните запчиња... Цената на билетите е само 100 ден.


EVA MENDES SEX TAPE

 

Сексипилната актерка Ева Мендес која минатата година стана заштитно лице на Келвин Клајн и се соблече за потребите за кампањата за парфемот "Опсесија", моментално е популарна со долгоочекуваната "SEX TAPE"

Eva Mendes sex tape!!!


Целата содржина на интернет страницата на филмскиот портал Filmovi.com.mk може да се користи исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола или договор, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО превземање, користење или реемитување на содржините.
Copyright © 2006-2010 Filmovi.com.mk

server monitor
Site Meter