Прв Македонски Филмски Портал


Да се биде Џон Малкович Испечати Е-маил
Кориснички рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Напишано од Ива Тамбурковска   
Monday, 23 March 2009

 

Преку овој филм режисерот Спајк Џонз на еден свеж и инвентивен начин навлегува длабоко во сржта на прашањето како е да се биде некој друг. Приказната на филмот се концентрира околу надарениот куклар Крег (Џон Кјузак) кој живее сиромашен живот, во брак без било каква страст и без можност да смени нешто или пак да избега од таквиот монотон живот. Тој се вработува како службеник во една мала фирма. Дејството во филмот започнува кога тој, барајќи низ фиоките со документи, открива скриена врата. Тоа е портал што го носи во мозокот на актерот Џон Малкович, а Крег може да гледа низ неговите очи и да ги доживува неговите чувства. Овој филм е врв на воајеризмот, одлична приказна која ги истражува темите на идентитет, популарноста и манипулацијата.

Оригинален наслов: Being John Malkovich
Улоги: John Malkovich, John Cusack, Cameron Diaz, Ned Bellamy, Eric Weinstein
Режија: Spike Jonze
Жанр: комедија, драма, научна фантастика/фантазија
Година на производство: 1999


 
< Предходно   Следно >



Филмски Форум



Најново!!!

Џулија Робертс е во главната улога во адаптацијата на книгата на Елизабет Гилберт "Eat, pray, love". Станува збор за прекрасна приказна за една Њујорчанка која одлучува да тргне на патување низ светот кое ќе и го промени животот. Во "Scott Pilgrim vs. the World" Скот Пилграм мора да ги порази седумте бивши дечковци за да го освои срцето на неговата сакана. Група луѓе кои не се знаат меѓу себе мора да се држат заедно за да успеат да се спасат од пираната која е закана по нивните животи... Сето тоа во 3D технологија во филмот "Piranha 3D". Во акционата комедија "The Other Guys" двајца детективи добиваат можност да станат полицајци за восхит. Клик на постерот за да го погледнете трејлерот на филмот!


Кино Милениум

 

Тие двајца се новопечен брачен пар кој живее идеален мирен живот, се до 30-тиот роденден на Спенсер кога почнуваат да летаат куршуми на сите страни... Проекциите на "The Killers" со познатите Кетрин Хејгл и Ештон Качер започнуваат во 11:00, 13:30, 20:30 и 22:30, а во 18:00 погледнете ја "Вилата на млечните запчиња", семејната комедија со фантастични елементи во која еден наострен хокеј играч кој им ги крши забите на противниците за казна ќе треба да ја работи работата на вистинската Вила на млечните запчиња... Цената на билетите е само 100 ден.


EVA MENDES SEX TAPE

 

Сексипилната актерка Ева Мендес која минатата година стана заштитно лице на Келвин Клајн и се соблече за потребите за кампањата за парфемот "Опсесија", моментално е популарна со долгоочекуваната "SEX TAPE"

Eva Mendes sex tape!!!


Целата содржина на интернет страницата на филмскиот портал Filmovi.com.mk може да се користи исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола или договор, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО превземање, користење или реемитување на содржините.
Copyright © 2006-2010 Filmovi.com.mk

server monitor
Site Meter