Прв Македонски Филмски Портал


Предградијата Испечати Е-маил
Кориснички рејтинг: / 1
СлабоНајдобро 
Напишано од Ива Тамбурковска   
Monday, 23 March 2009

 

Овој филм на Џо Данте, во исто време е смешен, но и застрашувачки филм. Реј (Том Хенкс) и Керол (Кери Фишер) Петерсон водат стереотипен живот од предградието. Целата околина е со зелена трева, а нивната слепа уличка е мирна се додека не се всели мистериозната фамилија Клопекс. Двајцата најблиски соседи на Реј, од кој едниот е воен фанатик, веруваат дека новите соседи се семејство на убијци. Реј, заедно со нив, тргнува во детективска мисија, решен да ја открие мистеријата, трагајќи низ ѓубрето на Клопек, провалувајќи во нивниот дом и правејќи разни други шеми со кои би требало да стигнат до докази дека фамилијата е составена од канибалисти. Оваа бизарна комедија е толку забавна што навистина ретки се луѓето на кои не им се допаднала.

Оригинален наслов: The Burbs
Улоги: Tom Hanks, Bruce Dern, Carrie Fisher, Rick Ducommun, Corey Feldman
Режија: Joe Dante
Жанр: комедија, акција, хорор
Година на производство: 1989


Последна модификација ( Monday, 23 March 2009 )
 
< Предходно   Следно >



Филмски Форум



Најново!!!

Џулија Робертс е во главната улога во адаптацијата на книгата на Елизабет Гилберт "Eat, pray, love". Станува збор за прекрасна приказна за една Њујорчанка која одлучува да тргне на патување низ светот кое ќе и го промени животот. Во "Scott Pilgrim vs. the World" Скот Пилграм мора да ги порази седумте бивши дечковци за да го освои срцето на неговата сакана. Група луѓе кои не се знаат меѓу себе мора да се држат заедно за да успеат да се спасат од пираната која е закана по нивните животи... Сето тоа во 3D технологија во филмот "Piranha 3D". Во акционата комедија "The Other Guys" двајца детективи добиваат можност да станат полицајци за восхит. Клик на постерот за да го погледнете трејлерот на филмот!


Кино Милениум

 

Тие двајца се новопечен брачен пар кој живее идеален мирен живот, се до 30-тиот роденден на Спенсер кога почнуваат да летаат куршуми на сите страни... Проекциите на "The Killers" со познатите Кетрин Хејгл и Ештон Качер започнуваат во 11:00, 13:30, 20:30 и 22:30, а во 18:00 погледнете ја "Вилата на млечните запчиња", семејната комедија со фантастични елементи во која еден наострен хокеј играч кој им ги крши забите на противниците за казна ќе треба да ја работи работата на вистинската Вила на млечните запчиња... Цената на билетите е само 100 ден.


EVA MENDES SEX TAPE

 

Сексипилната актерка Ева Мендес која минатата година стана заштитно лице на Келвин Клајн и се соблече за потребите за кампањата за парфемот "Опсесија", моментално е популарна со долгоочекуваната "SEX TAPE"

Eva Mendes sex tape!!!


Целата содржина на интернет страницата на филмскиот портал Filmovi.com.mk може да се користи исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола или договор, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО превземање, користење или реемитување на содржините.
Copyright © 2006-2010 Filmovi.com.mk

server monitor
Site Meter