Прв Македонски Филмски Портал


Документарниот филм „Пети Смит - сон на животот“ - вечерва во Кинотека Испечати Е-маил
Кориснички рејтинг: / 1
СлабоНајдобро 
Напишано од Ива Тамбурковска   
Friday, 29 May 2009

Денес во 20 часот во Кинотеката на Македонија во рамките на осмото издание на OFF-Fest, во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан документарниот филм „Пети Смит - сон на животот“ (Patti Smith: Dream Of Life) на режисерот Стивен Себринг. 

„Не постои човек што е само едно. Јас не сум само моден фотограф. Пети Смит дефинитивно не е само рок-икона. Таа е многу повеќе од тоа. За мене, овој филм претставува обид да се открие која е и што е Пети Смит“. - Стивен Себринг



 

Интересно е дека филмот е снимен во период од единаесет години и е дебитантски филм на уметникот и фотограф Стивен Себринг. "Сон на животот" претставува оригинален и интимен портрет на легендарната пејачка, музичарка, поетеса и активистка. Филмот е своевиден поглед низ клучалка во филозофијата и уметноста на Пети Смит, следејќи ги нејзините почетоци како панк-икона во седумдесеттите, преку енергичните живи настапи и неформалната комуникација со пријателите и соработниците (Филип Глас, Мајкл Стајп итн.), па сè до предизвиците на секојдневниот живот и прераната смрт на нејзиниот сопруг Фред ‘Соник’ Смит од MC5, и смртта на братот Тод. Преку прекрасната фотографија (црно-бела и во боја), Себринг ја доловува сржта на природата на оваа витална и мошне значајна американска уметница. Трогателна посвета, едновремено моќна, забавна, сурова и оригинална, како и главната протагонистка во филмот.

Средбата со Пети Смит, а особено нејзините концерти, го
инспирираа да се впушти во оваа 11-годишна авантура наречена „Пети Смит - сон на животот“, што може да се смета за своевиден експеримент, со оглед на неговиот скромен бекграунд како филмски режисер. Во меѓувреме, Себринг режираше и два кратки филма за линијата DKNY на Дона Каран, кои поминаа одлично кај критиката, а беше и автор на неколку фотографски монографии. Неговите фотографии се присутни во книгата на Пети Смит "Patti Smith Complete; Lyrics, Reflections and Notes for the Future", како и на нејзините албуми "Gung Ho", "Land" и последниот "Twelve" од 2007 година.

Соработката со Пети Смит продолжува со продукцијата на уметничката инсталација "Objects of Life", како и со создавањето на книгата "Patti Smith: dream of life" којашто претставува, всушност, хроника на многубројните моменти, музички транскрипти и необјавени фотографии што произлегоа од необичното искуство на снимањето на овој филм.

Оригинален наслов: Patti Smith: Dream Of Life
Режија: Steven Sebring


 


Последна модификација ( Friday, 29 May 2009 )
 
< Предходно   Следно >



Филмски Форум



Најново!!!

Џулија Робертс е во главната улога во адаптацијата на книгата на Елизабет Гилберт "Eat, pray, love". Станува збор за прекрасна приказна за една Њујорчанка која одлучува да тргне на патување низ светот кое ќе и го промени животот. Во "Scott Pilgrim vs. the World" Скот Пилграм мора да ги порази седумте бивши дечковци за да го освои срцето на неговата сакана. Група луѓе кои не се знаат меѓу себе мора да се држат заедно за да успеат да се спасат од пираната која е закана по нивните животи... Сето тоа во 3D технологија во филмот "Piranha 3D". Во акционата комедија "The Other Guys" двајца детективи добиваат можност да станат полицајци за восхит. Клик на постерот за да го погледнете трејлерот на филмот!


Кино Милениум

 

Тие двајца се новопечен брачен пар кој живее идеален мирен живот, се до 30-тиот роденден на Спенсер кога почнуваат да летаат куршуми на сите страни... Проекциите на "The Killers" со познатите Кетрин Хејгл и Ештон Качер започнуваат во 11:00, 13:30, 20:30 и 22:30, а во 18:00 погледнете ја "Вилата на млечните запчиња", семејната комедија со фантастични елементи во која еден наострен хокеј играч кој им ги крши забите на противниците за казна ќе треба да ја работи работата на вистинската Вила на млечните запчиња... Цената на билетите е само 100 ден.


EVA MENDES SEX TAPE

 

Сексипилната актерка Ева Мендес која минатата година стана заштитно лице на Келвин Клајн и се соблече за потребите за кампањата за парфемот "Опсесија", моментално е популарна со долгоочекуваната "SEX TAPE"

Eva Mendes sex tape!!!


Целата содржина на интернет страницата на филмскиот портал Filmovi.com.mk може да се користи исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола или договор, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО превземање, користење или реемитување на содржините.
Copyright © 2006-2010 Filmovi.com.mk

server monitor
Site Meter