|
Гете-институт во соработка со Кинотека на Македонија ја прикажува ретроспективата на германскиот режисер, сценарист, актер и продуцент Фатих Акин. Тој е еден од меѓународно најпознатите режисери од помладата генерација во Германија. Неговите филмови кои многупати се наградувани постојано го тематизираат конфликтот меѓу неговото турско потекло и неговиот животот во Германија како германски режисер.
Акин самиот вели:
„Доаѓам од Хамбург и од Истанбул, животот ми се состои од спротивности.
Моите филмови се слики во кои, се разбира, јасно се изразени овие
спротивности.
Фатих Акин е роден како син на германски имигранти во 1973 г. во Хамбург, каде што сè уште живее и работи. Уште на шеснаесетгодишна возраст Акин бил решен да се занимава со филмска работа. Почнува да прави видео-продукции уште додека оди во училиште, се ангажира во училишниот театар, настапува во претстави на театарот Талија од Хамбург и го пишува сценариото за неговиот прв игран филм „Кратко и безболно“. По матурата Акин ги започнува студиите по визуелна комуникација на Факултетот за ликовни уметности во Хамбург, кои ги завршува во 2000 г.
Оттогаш Акин има снимено многу меѓународно познати и наградувани документарни и играни филмови, а најважните од нив ги прикажуваме во рамки на оваа ретроспектива.
3. 06.2009 и 4. 06. 2009
МИНУВАЈЌИ ГО МОСТОТ - ЗВУКОТ НА ИСТАНБУЛ
Crossing The Bridge - The Sound Of Istanbul
2005, 90 min., 35мм
Режија: Fatih Akin
Сценарио: Fatih Akin
Со: Alexander Hacke , Baba Zula, Orient Expressions, Duman
Документација за разноликиот и фасцинантен музички живот во турската метропола. Фатих Акин го придружува музичарот и басист на бендот „Einstürzende Neubauten“ Александер Хаке на неговото патување низ музичкиот живот во градот, каде што сретнуваат најразлични музичари.
На наше големо задоволство гости на проекцијата ќе бидат и групите BABA ZULA и ORIENT EXPRESSIONS.
Филмот со кој ќе ја отвориме ретроспективата на филмови од Фатих Акин воедно е и дел од програмата на Фестивалот “OFFEST” во Скопје.
„BABA ZULA“ и „ORIENT EXPRESSIONS“ наредниот ден, 04.06., ќе одржат концерт во Македонската опера и балет.
5. 06. 2009
БРЗО И БЕЗБОЛНО, Kurz und schmerzlos
1998, 100 min. 35мм
Режија: Fatih Akin
Сценарио: Fatih Akin
Актери: Mehmet Kurtulus, Aleksandar Jovanovic, Adam Bousdoukos, Regula Grauwiller
Филмот ја раскажува приказната за пријателството во една банда составена од Турци, Грци и Срби во Хамбург-Алтона. Турчинот Габриел, Србинот Боби и Гркот Коста имаат преживеано неколку ризични ситуации. Но, кога Габриел ќе излезе од затвор, нештата се менуваат...
Награди: Награда Адолф-Гриме (Adolf-Grimme-Preis), Филмска награда на Баварија, Бронзен леопард на Меѓународниот филмски фестивал во Локарно.
6. 06. 2009
ВО ЈУЛИ, Im Juli
2000, 99 min., 35мм
Режија: Fatih Akin
Сценарио: Fatih Akin
Актери: Moritz Bleibtreu, Christiane Paul, Mehmet Kurtulus, Idil Üner
Даниел (Мориц Блајбтрој) автостопирајќи „некаде во Бугарија“ на еден селски пат наидува на возач од Германија со турско потекло кој застанал покрај патот за да го прикрие со освежувач за воздух непријатниот мирис од трупот во багажникот. Кога Даниел ќе го праша дали може да дојде со него, тој избезумено побегнува, прегазувајќи го Даниел, при што тој зашеметено паѓа на земјата. Возачот, кој се вика Иса, се враќа плашејќи се дека го убил Даниел и го легнува на задното седиште. Кога Даниел ќе се разбуди, се обидува да го натера Иса да го земе со автомобилот, а овој го замолува да му ја раскаже приказната како се нашол на тоа зафрлено место во Бугарија.….
„Така, започнува приказната богата со настани, која претставува неверојатно забавна мешавина од road movie и љубовна комедија со исклучителни актерски остварувања и восхитувачка и суверена примена на експлицитни филмски средства„ (FILM-DIENST: 17/2000) во која на кратко се појавува и Фатих Акин како романски граничар: »Нема пасош, нема Романија«
7. 06. 2009
СОЛИНО, Solino
2002, 124 min.,35мм
Режија: Fatih Akin
Сценарио: Ruth Toma
Актери: Christian Tasche, Barnaby Metschurat, Tiziana Lodato, Antonella Attili
Во филмот се зборува за италијанското семејство Амато кое се преселува од Јужна Италија во Рурската област во Германија. Дејството во филмот се одвива меѓу 1964 г. и 1984 г. и ја прикажува судбината на семејството во интервали од десет години.
Награда 2002 г.: DEFA-награда за млади режисери
8. 06. 2009
СО ГЛАВА ВО ЅИД, Gegen die Wand
2004, 121 min., 35мм
Режија: Fatih Akin
Сценарио: Fatih Akin
Актери: Birol Ünel, Sibel Kekilli, Catrin Striebeck, Meltem Cumbul
Сибел, млада Турчинка родена и порасната во Германија, стапува во лажен брак со еден постар алкохоличар и зависник од дрога за да им се спротивстави на етичките претстави на нејзините родители...
Филмот е прв дел од планираната трилогија Љубов, смрт и ѓавол, која Фатих Акин ја продолжи во 2007 г. со филмот На другата страна.
Награди: Златна мечка на Берлинале 2004 г., Германска филмска награда и Европска филмска награда 2004 г.
9. 06. 2009
НА РАБОТ НА РАЈОТ, Auf der anderen Seite
2007, 122 min., 35мм
Режија: Fatih Akin
Сценарио: Fatih Akin
Актери: Nurgül Yesilçay, Baki Davrak, Tuncel Kurtiz, Hanna Schygulla
Драмата која во најголем дел се одигрува во Бремен, Хамбург и Истанбул ги раскажува приказните на шест луѓе: Неџат, Али, Јетер, Ајтен, Лоте и Сузане. Неџат е интровертен професор по германистика со турско потекло чиј татко Али почнува врска со Јетер, турска проститутка. Кога подоцна при една расправија Али ќе ја удри и при што таа ќе умре, Неџат решава да замине за Истанбул за да ја побара Ајтен, изгубената ќерка на Јетер.
Во втората приказна дознаваме дека Ајтен е политичка активистка која со надеж дека ќе добие политички азил бега од Истанбул во Германија. Ја бара мајка си во Бремен и на факултетот ја запозната врсничката Лоте која против волјата на мајка си (Хана Шигула) заклучува да ја заштити Турчинката која илегално живее во Германија. На другата страна, во Истанбул, се поврзуваат двете приказни.
Награди: Награда за најдобро сценарио на Меѓународниот филмски фестивал во Кан; Филмска награда на Северна Германија во категоријата најдобар игран филм; Европска филмска награда за најдобар сценарист; претставник на Германија за номинацијата за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје 2008; Филмска награда на Баварија за најдобар режисер; Германска филмска награда во категориите Најдобра режија и најдобро сценарио; Германска филмска награда Златна лола.
Проекциите започнуваат во 20.00, а цената на влезниците е 50 ден. |