Прв Македонски Филмски Портал


Отвори ги очите Испечати Е-маил
Кориснички рејтинг: / 3
СлабоНајдобро 
Напишано од www.filmovi.com.mk   
Thursday, 15 October 2009

 

Abre los ojos, 1997
Режија: Алехандро Аменабар (Alejandro Amenábar)
Сценарио: Алехандро Аменабар, Матео Гил (Alejandro Amenábar, Mateo Gil)
Директор на фотографија: Ханс Бурман (Hans Burman)
Улоги: Едуардо Нориега, Пенелопе Круз, Чете Лера, Феле Мартинез, Најва Нимри (Eduardo Noriega, Penélope Cruz, Chete Lera, Fele Martinez, Najwa Nimri)

ОТВОРИ ГИ ОЧИТЕ е филм за згодниот 25-годишен Цезар, кој има успешна кариера, скапи автомобили, добра ергенска гајба и цела војска убави и податливи жени на свое располагање. За жал, тој не може да раскине со својата последна девојка – Нурија. Вечерта кога го слави својот роденден, со помош на атрактивната Софија, девојка на неговиот пријател Пелајо, тој успева накратко да се ослободи од Нурија, но следното утро мора да се соочи со неа и тоа во нејзиниот автомобил. Веднаш потоа Цезар се буди со маска на своето лице за да ги сокрие ужасните лузни и се наоѓа во затвор заради испитување под обвинение за убиство. Но, не се сеќава како стигнал дотаму. Трилерот на Аменабар ја извртува перцепцијата за реалноста на гледачот и на главниот јунак со серија збунувачки пресврти во приказната. Во 2001 е снимен американскиот римејк на филмот, под наслов НЕБО ОД ВАНИЛА (Vanila Sky) со Том Круз, Пенелопе Круз и Камерон Дијаз во главните улоги.


Алехандро Аменабар
(1972) е од шпанско-чилеанско потекло. Детството и младоста ги минува во Шпанија. Студиите по режија не ги довршува, сметајќи ги за губење време, и рано почнува да снима и режира. Го напишал, продуцирал и режирал својот прв краток филм уште на 19-годишна возраст, а на 23 го режира ТЕЗА, својот прв долгометражен филм. За сите свои филмови, тој е авторот и на сценаријата, и на музиката. Од другите шпански режисери, според американските критичари, се разликува по тоа што не се занимава со националните фобии или блиското минато, туку смело се втурнува во фантазмагорични, психолошки и надреални теми. Во своите филмови не дава одговори, туку поставува прашања што публиката треба да ги одговори. Негови позначајни филмови се ЛУНА (1995), ТЕЗА (1996), ОТВОРИ ГИ ОЧИТЕ (1997), ЈАЗИКОТ НА ПЕПЕРУТКИТЕ (1999), ДРУГИТЕ (2001) и ВНАТРЕШНО МОРЕ (2004).


Последна модификација ( Thursday, 15 October 2009 )
 
< Предходно   Следно >



Филмски Форум



Најново!!!

Џулија Робертс е во главната улога во адаптацијата на книгата на Елизабет Гилберт "Eat, pray, love". Станува збор за прекрасна приказна за една Њујорчанка која одлучува да тргне на патување низ светот кое ќе и го промени животот. Во "Scott Pilgrim vs. the World" Скот Пилграм мора да ги порази седумте бивши дечковци за да го освои срцето на неговата сакана. Група луѓе кои не се знаат меѓу себе мора да се држат заедно за да успеат да се спасат од пираната која е закана по нивните животи... Сето тоа во 3D технологија во филмот "Piranha 3D". Во акционата комедија "The Other Guys" двајца детективи добиваат можност да станат полицајци за восхит. Клик на постерот за да го погледнете трејлерот на филмот!


Кино Милениум

 

Тие двајца се новопечен брачен пар кој живее идеален мирен живот, се до 30-тиот роденден на Спенсер кога почнуваат да летаат куршуми на сите страни... Проекциите на "The Killers" со познатите Кетрин Хејгл и Ештон Качер започнуваат во 11:00, 13:30, 20:30 и 22:30, а во 18:00 погледнете ја "Вилата на млечните запчиња", семејната комедија со фантастични елементи во која еден наострен хокеј играч кој им ги крши забите на противниците за казна ќе треба да ја работи работата на вистинската Вила на млечните запчиња... Цената на билетите е само 100 ден.


EVA MENDES SEX TAPE

 

Сексипилната актерка Ева Мендес која минатата година стана заштитно лице на Келвин Клајн и се соблече за потребите за кампањата за парфемот "Опсесија", моментално е популарна со долгоочекуваната "SEX TAPE"

Eva Mendes sex tape!!!


Целата содржина на интернет страницата на филмскиот портал Filmovi.com.mk може да се користи исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола или договор, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО превземање, користење или реемитување на содржините.
Copyright © 2006-2010 Filmovi.com.mk

server monitor
Site Meter