Прв Македонски Филмски Портал


Започнува Интернационалниот филмски фестивал ОСФАФ Испечати Е-маил
Кориснички рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Напишано од Ива Тамбурковска   
Thursday, 22 October 2009

На 23-24 Октомври, со почеток во 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе се одржи 22-то издание на Интернационалниот филмски фестивал - ОСФАФ, фестивал на алтернативен (непрофесионален) и студентски филм.

Официјалната програма и наградите на фестивалот ќе бидат истакнати на 22-ри Октомври на официјалната веб-страна на фестивалот: www.osfaf.org.mk . Стручното интернационално жири ќе ја одбере програмата која ќе биде поделена во две одделни проекции. Овогодишното жири е во состав: Илинденка Петрушева (Македонија), Томислав Готовац (Хрватска), Станимир Трифонов (Бугарија), Миле Грозданоски (Македонија) и Виктор Иванов (Македонија). На фестивалот пристигнаа вкупно 114 филмови од 20 земји од светот. Најзастапени се играниот и анимираниот филм.  Сите подетални информации можете да ги добиете на веб-страната на фестивалот.

ОСФАФ се одржува веќе четврта година по ред од кога беше возобновен. Фестивалот е во организација на Академскиот кино клуб од Скопје, и е помогнат од Филмскиот фонд на Македонија и од традиционалните партнери на ОСФАФ. Фестивалот е одлична можност македонската публика да ги види најновите студентски и непрофесионални филмски остварувања на автори од целиот свет. Како и минатите изданија, така и овој пат, организаторите на фестивалот се надеваат дека ќе ги задоволат очекувањата на фановите на независниот филм, и на пошироката филмска публика која сака да види интересно парче краток филм.


Последна модификација ( Thursday, 22 October 2009 )
 
< Предходно   Следно >



Филмски Форум



Најново!!!

Џулија Робертс е во главната улога во адаптацијата на книгата на Елизабет Гилберт "Eat, pray, love". Станува збор за прекрасна приказна за една Њујорчанка која одлучува да тргне на патување низ светот кое ќе и го промени животот. Во "Scott Pilgrim vs. the World" Скот Пилграм мора да ги порази седумте бивши дечковци за да го освои срцето на неговата сакана. Група луѓе кои не се знаат меѓу себе мора да се држат заедно за да успеат да се спасат од пираната која е закана по нивните животи... Сето тоа во 3D технологија во филмот "Piranha 3D". Во акционата комедија "The Other Guys" двајца детективи добиваат можност да станат полицајци за восхит. Клик на постерот за да го погледнете трејлерот на филмот!


Кино Милениум

 

Тие двајца се новопечен брачен пар кој живее идеален мирен живот, се до 30-тиот роденден на Спенсер кога почнуваат да летаат куршуми на сите страни... Проекциите на "The Killers" со познатите Кетрин Хејгл и Ештон Качер започнуваат во 11:00, 13:30, 20:30 и 22:30, а во 18:00 погледнете ја "Вилата на млечните запчиња", семејната комедија со фантастични елементи во која еден наострен хокеј играч кој им ги крши забите на противниците за казна ќе треба да ја работи работата на вистинската Вила на млечните запчиња... Цената на билетите е само 100 ден.


EVA MENDES SEX TAPE

 

Сексипилната актерка Ева Мендес која минатата година стана заштитно лице на Келвин Клајн и се соблече за потребите за кампањата за парфемот "Опсесија", моментално е популарна со долгоочекуваната "SEX TAPE"

Eva Mendes sex tape!!!


Целата содржина на интернет страницата на филмскиот портал Filmovi.com.mk може да се користи исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола или договор, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО превземање, користење или реемитување на содржините.
Copyright © 2006-2010 Filmovi.com.mk

server monitor
Site Meter