Прв Македонски Филмски Портал


Страшен Филм 4 Испечати Е-маил
Кориснички рејтинг: / 13
СлабоНајдобро 
Напишано од Марко Палоски   
Monday, 05 May 2008

 

Што добивате од комбинација на група генијални комичари и последните листи на хитовските филмови? Веројатно веќе погодувате! Четвртиот дел од комедијата "Scary Movie"  најсмешната и најмилосредната пародија до сега! "Scary Movie" е подготвен да го окупира вашиот ДВД плеер со жестоката сатира на познатите наслови како Кинг Конг, Војна на Ѕвездите, Селото, Пила 1 и Пила 2, Омраза, Кршенгрб планина и многу други. Легендарниот режисер на комедии Дејвид Зукер и продуцентот Боб Вајс ги здружија силите со намера да направат пародија на некои од најдобрите хорор филмовите, боксофис хитовите , музички настани и познати личности од шоубизнисот. Па така, освен препознатливите сцени од неколкуте хит-филмови, меѓу другото, ќе го препознаете и озборуваното гостување на Том Круз во Шоуто на Опра, кога човекот буквално направи мајмун од себе.Јунаците на четвртото продолжение на оваа трилогија , како што на шега велат авторите , овојпат  се борат да го спасат светот од немилосрдната инвазија на вонземјани.Според старата традиција на овој серијал, и во новото продолжение на Scary Movie се појавуваат бројни светски суперѕвезди  меѓу кои и Кармен Електра, Шекил О'Нил, раперите Чинги и Лил Џон, Лесли Нилсен и Бил Пулман. И пред да го погледнете овој филм, не заборавајте ништо, ама баш ништо не смее да ве изненади.  

Режија : Дејвид Зукер

Продуцент : Боб Вајс

Улоги : Ана Фарис , Крег Бјерко , Реџина Хол , Чинги , Кармен Електра , Чарли Шин

Филм на : Weinstein Company

Жанр : Комедија / Хорор/Пародија

Оригинално име : Scary Movie 4

Година : 2006

 


Последна модификација ( Monday, 05 May 2008 )
 
< Предходно   Следно >



Филмски Форум



Најново!!!

Џулија Робертс е во главната улога во адаптацијата на книгата на Елизабет Гилберт "Eat, pray, love". Станува збор за прекрасна приказна за една Њујорчанка која одлучува да тргне на патување низ светот кое ќе и го промени животот. Во "Scott Pilgrim vs. the World" Скот Пилграм мора да ги порази седумте бивши дечковци за да го освои срцето на неговата сакана. Група луѓе кои не се знаат меѓу себе мора да се држат заедно за да успеат да се спасат од пираната која е закана по нивните животи... Сето тоа во 3D технологија во филмот "Piranha 3D". Во акционата комедија "The Other Guys" двајца детективи добиваат можност да станат полицајци за восхит. Клик на постерот за да го погледнете трејлерот на филмот!


Кино Милениум

 

Тие двајца се новопечен брачен пар кој живее идеален мирен живот, се до 30-тиот роденден на Спенсер кога почнуваат да летаат куршуми на сите страни... Проекциите на "The Killers" со познатите Кетрин Хејгл и Ештон Качер започнуваат во 11:00, 13:30, 20:30 и 22:30, а во 18:00 погледнете ја "Вилата на млечните запчиња", семејната комедија со фантастични елементи во која еден наострен хокеј играч кој им ги крши забите на противниците за казна ќе треба да ја работи работата на вистинската Вила на млечните запчиња... Цената на билетите е само 100 ден.


EVA MENDES SEX TAPE

 

Сексипилната актерка Ева Мендес која минатата година стана заштитно лице на Келвин Клајн и се соблече за потребите за кампањата за парфемот "Опсесија", моментално е популарна со долгоочекуваната "SEX TAPE"

Eva Mendes sex tape!!!


Целата содржина на интернет страницата на филмскиот портал Filmovi.com.mk може да се користи исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола или договор, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО превземање, користење или реемитување на содржините.
Copyright © 2006-2010 Filmovi.com.mk

server monitor
Site Meter